176
Судот во Амстердам денеска пресуди дека компанијата Facebook постапувала незаконски при обработката на личните податоци на своите корисници во Холандија речиси 10 години.
Според Bloomberg, личните податоци кои ги обработувала единица на компанијата Meta Platforms од Ирска, биле користени без дозвола за рекламни цели и биле дадени на трети лица без соодветни информации на корисниците, според пресудата донесена денеска.
Судот утврди дека од април 2010 година до јануари 2020 година, Facebook немал правна основа за обработка на посебни лични податоци, како сексуална ориентација или религија, за рекламни цели, пренесе агенцијата.