Холандскиот јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО

од Milan1
366 прегледи

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, објави Холандскиот јавен сервис НОС. Тој на таа функција ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува на 1 октомври. Во извештајот, НОС се повикува на извори запознаени со ова прашање.

Ројтерс јавува дека се уште не може да добие коментар од НАТО. Претходно денеска Унгарија и Словачка ја поддржаа кандидатурата на Руте за следен генерален секретар на НАТО.

Поддршката на Унгарија уследи по средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со Столтенберг минатата недела, кога двете страни се договорија Унгарија да не ги блокира одлуките на Алијансата за поддршка на Украина, но дека Будимпешта нема да биде директно вклучена.

Турција и Словачка, исто така, ги сменија ставовите за кандидатурата на Руте, при што Турција ја објави својата поддршка за Руте кон крајот на април, а Словачка претходно денеска.

Словачка, која граничи со Украина, ја нагласи потребата следниот шеф на НАТО да помогне во решавањето на заштитата на словачкиот воздушен простор.

Слични содржини