Холандскиот премиер: Не можеме да се откажеме од рускиот гас

од Nikola Popovski
231 прегледи

Во пресрет на преговорите со претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Холандија, Марк Руте, во Париз изјави дека државата не може да се откаже од снабдувањето со нафта и гас од Русија.

„Нема да повикувам на прекин на испораките на нафта и гас од Русија. Тоа е невозможно затоа што ни се потребни. Тоа е непријатна вистина, меѓутоа можеме повеќе да ја промовираме нашата зелена агенда“, рече премиерот.

Да потсетиме, САД го забранија увозот на енергија од Русија поради војната во Украина. Забраната за увоз се однесува на руската сурова нафта, нафтени деривати, течен природен гас и јаглен.

Слични содржини