Холандскиот премиер: Унгарија нема што повеќе да бара во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска по пристигнувањето на седницата на Европскиот совет во Брисел дека Унгарија, со својот закон за кој се смета дека ја дискриминира ЛГБТ заедницата, „нема што повеќе да бара во Европската унија“.

„За мене (со овој закон), тие (Унгарците) веќе немаат што да прават во ЕУ, но јас не одлучувам сам. Има уште 26 земји“, рече Руте пред новинарите, додавајќи дека ЕУ е „заедница на вредности“.

Во средината на јуни, унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетници.

Денес, во пресрет на самитот во Брисел, лидерите на 16-те земји-членки на ЕУ апелираа да се почитуваат „основните вредности“ на Унијата.

Слични содржини