Холандските власти заплениле 3.600 килограми кокаин скриен во пратка со банани

од Илинка Илиоска
355 прегледи

Холандските власти запленија околу 3.600 килограми кокаин скриен во пратка со банани во малиот пристанишен град Влисинген, јави ДПА. Вредноста на дрогата е околу 270 милиони евра, соопшти обвинителството. Тие биле откриени при рутинска проверка во пратка со банани од Еквадор наменета за Германија.

Властите соопштија дека е уапсен 27-годишен осомничен. Тоа е најголемата заплена на кокаин во Влисинген досега оваа година. Во мај беше запленета уште една пратка банани од Еквадор со речиси 500 килограми во вредност од околу 37 милиони евра

Слични содржини