Поп-ѕвездата Бритни Спирс после толку години живеење под старателство, конечно е слободна и подготвена сама да ги носи сите свои одлуки, особено кога се во прашање финансиите, кариерата, љубовта.
Судот во Лос Анџелес го укина решението за старателство над неа по 13 години, а тоа особено ги воодушеви нејзините фанови ширум светот кои на посебен начин го прославија овој среќен момент.
„Најдобриот ден на светот, ти благодарам господе“, напиша Бритни покрај видеото на кое публиката го слави важниот датум.
View this post on Instagram
„Драги господе, колку ги сакам моите обожаватели. Мислам дека ќе плачам во остатокот од денот“, напиша пејачката и го додаде зборот „Слобода“.
Слободата на Бритни Спирс вчера предизвика лавина реакции од познатите личности на социјалните мрежи.
Меѓу оние кои ја прославија оваа победа беа Шер, Донатела Версаче, Парис Хилтон, вереникот на пејачката и многу други познати личности.