Ново време, нови правила – 93-та церемонија на „Оскарите“, која започнува два часа по полноќ, се одржува на две локации, вклучително и холивудскиот театар „Долби“. Вклучување на Интернет нема, и сите номинирани мора да присуствуваат на доделувањето на златните статуетки.
Традиционално, најмногу полемики има околу категоријата за најдобар филм. Осум достигнувања се во конкуренција, а судејќи според индикаторите за „Оскарите“ – „Златниот глобус“ и „Бафта“, како и бројот на номинации, фаворити се „Земјата на номадите“ и биографската црно-бела драма „Манк“.
Фактот што за прв пат во историјата, две жени, Емералд Фенел и Клои Жао, влегоа во трката за најдобар режисер – ја прави и втората најважна категорија подеднакво интересна. Нивни конкуренти се Дејвид Финчер, Ли Ајзак Чанг и Томас Винтерберг.
Наградата за главна машка улога е исто така интригирачка – фокусот е на постхумно номинираниот Чадвик Боземан, Гери Олдман, но и на најстариот некогаш номиниран актер во таа категорија – Сер Ентони Хопкинс.
Од Холивуд велат дека епидемијата на коронавирус давала можност за иновации и дека церемонијата на доделувањето на 93-тите награди ќе биде повеќе како спектакл што личи на филмовите што ги сакаме.