Неколку часа пред почетокот на претпремиерната проекција на најочекуваниот филм за годината – “Војна на ѕвездите: Силата се буди” возбудата меѓу фановите на вселенската сага се зголемува драстично.
Редици од гледачи со среќни билети во рака за претпремиерата се водат на неколку стотини метри пред кината. Затворената премиера на седмата епизода на сагата ќе се одржи во 18.30 часот по локално време во три кина во Лос Анџелес, вклучувајќи го прославениот “Кинески театар” во Холивуд, каде во 1977г. се одржа премиерата на “Војна на ѕвездите”.
Бројни обожаватели почнаа да пристигнуваат во градот недела пред премиерата, некои дури спејќи во шатори. Полицијата е во режим на исчекување. Бројот на кинољубителите, кои ќе бидат на премиерата ќе ја надмине трипати вообичаената посетеност на премиерните проекции.
Многу улици во близина на булеварот “Холивуд” ќе бидат затворени. Голем број кино сали ќе работат со продолжено работно време во текот на првата недела, па проекции ќе има и во 2 и 5 ч. во текот на ноќта. Американски медиуми тврдат дека во ноќта на понеделникот неколку парови одлучиле да ги “легализираат“ односите, сметајќи дека токму датумот на премиерата на Војна на ѕвездите ќе им донесе космичка среќа и е доволно извонреден за почеток на нивниот брак. Некои не пропуштија да се венчаат во костимите на принцезата Леа или Дарт Вејдер.