Холивудски актер откри дека е потомок на славната Покахонтас

од Nikola Popovski
170 прегледи

Холивудскиот актер Едвард Нортон откри дека е потомок на Покахонтас, позната ќерка на индијански поглавица од 17-ти век.

Нортон дознал за неговите семејни врски со Покахонтас на генеалошкото емисија за историја на PBS „Finding Your Roots“, пишува CNN.

Историчарот и водител на емисијата Хенри Луис Гејтс Џуниор ги потврдил долгогодишните семејни гласини како вистинити.

„Имате директна пишана трага, без сомнение, за врска со вашите предци 12 колена наназад: Џон Ролф и Покахонтас“, рекол тој, обраќајќи му се на познатиот актер.

Според него, Покахонтас се ожениал со британскиот доселеник Ролф во Вирџинија на 5 април 1614 година, кога, како што нагласил, Вилијам Шекспир се уште бил жив.

Документацијата што ја добил покажува и дека Покахонтас починала три години подоцна во Гравеснд, Англија, додека Ролф починал во март 1622 година.

С„амо сфаќаш колку си мал дел од целата човечка приказна“, била реакцијата на Нортон на откривањето на неговото сродство со познатата индијанска принцеза.

Во 17-ти век Покахонтас навистина ги пречекала англиските доселеници на територијата на денешните Соединетите Американски Држави, а легендата вели дека таа му го спасила животот на капетанот Џон Смит, со кој наводно имала емотивна врска. Дизни сними анимиран филм според таа приказна во 1995 година.

Нортон, исто така, во емисијата дознал дека неговиот предок пред три генерации, Џон Винстед, поседувал семејство на робови, на возраст од четири до 55 години.

„Тоа не е судење за вас и вашиот живот, туку за историјата на оваа земја, а тоа пред се треба да се признае, а потоа да се бориме со тоа“, истакнал актерот.

Слични содржини