Амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн, во изјава за 360 степени, посочи дека не може да коментира изјави од соседна држава, но потврди дека Германија е земја која до последен момент била заложник за преговарачката рамка.
Имено, претседателството на Германија во рамките на органите на Советот ги дискутираше сите предлози кои беа на маса и до последно се залагаше да се усвои преговарачката рамка за С.Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, вели амбасадорката.
„Јас сум амбасадорка во Северна Македонија. Мојата задача не е да коментирам изјави на соседна држава. Можам да ве уверам дека германското претседателство во органите на Советот ги дискутираше сите предлози за решение, кои се наоѓаа на маса и до последна минута најангажирано се залагаше за усвојување на преговарачката рамка. Нашите предлози за текстот наидоа на огромна поддршка, но не и согласност од сите држави-членки. Германското претседателство со Советот е убедено дека ЕУ мора да го одржи својот збор, даден во март, бидејќи само кредибилна ЕУ-перспектива е гаранција за стабилноста во регионот“, вели Холштајн во изјавата.