Хомосексуалци од американската армија се венчаа во униформи

од desk3
137 прегледи

 

Двајца американски војници се венчаа во Спрингфилд (Мисури), со што свесно или не предизвикаа бран реакции во целиот свет, информира “Дејли Меил”.

Image_5310008_407

Шејн Адријано (25-годишен) му предложил брак на 6 години помладиот колега Тристиан Рес, а свадбата меѓу двајцата првично требаше да биде интимен и таен настан. Но кога сликата била споеделена на социјалните мрежи, нивната тајна воопшто не останала толку лична, колку што се надеваа. Двајцата се омажиле пред само неколку пријатели и судија.

Неколку часа по настанот Американската асоцијација на воените лица објави слика од церемонијата, на која двајцата мажи се бакнуваат, облечени во воени униформи. За минути постот се стекнуваат со огромна популарност и предизвикува бран од илјадници повеќенасочни коментари. Очекувано двајцата се бомбардирани од лути мислења, но не недостасуваа и бесни застапници кои со возхит и ја одобруваат постапката .

Најдобрата плажа е со тиркизна вода и песок

“Армијата е многу важен дел од нашиот живот. Одбравме да сме облечени во воени униформи, бидејќи сме горди да бидеме дел од американската армија, а исто така сме горди да бидеме геј”, објаснува Адријано.

Двајцата се запознале во октомври 2015 година, а само еден месец потоа Адријано одлучи да му предложи брак на Рес, објаснувајќи сè со зборовите “тоа е само голема љубов на прв поглед.”