Последната генерација на Honda CIVIC е номинирана за престижната награда „Best Buy Car of Europe 2023“, која ја доделува AUTOBEST, односно меѓународно специјализирано жири составено од 31 од највлијателните автомобилски новинари од исто толку европски земји.
Само шест болиди имаат можност да се борат за ова признание, а CIVIC по втор пат се најде на листата на финалисти. Покрај тоа, ова е четврти пат како модел на Honda е номиниран за титулата, а претходни финалисти беа Honda HR-V (2016), Honda CIVIC (2018) и Honda Jazz (2021).
Honda CIVIC e:HEV е оценет како автомобил со современ дизајн, завидни перформанси, кој е исто така еколошки.
Новиот CIVIC обезбедува ефикасно возачко искуство кое е надополнето со софистициран комфор и висока практичност.