244
Honda со една слика и кратка најава најави дека ќе претстави нов концепт на саемот CES во Лас Вегас на почетокот на јануари следната година.
Поточно, јапонскиот производител вели дека на 9 јануари на CES ќе претстави ново, глобално електрично возило, но засега не го открива неговото име. Првата тизер слика покажува дека возилото има остри линии и облик на клин.
Извршниот директор на Honda Global, Тошихиро Мибе, ќе го покаже автомобилот за време на презентацијата на CES, каде што ќе ја претстави и визијата на производителот на автомобили за нова серија глобални електрични возила.
Honda има намера да претстави 30 електрични возила ширум светот до 2030 година и дотогаш да достигне годишен обем на продажба на EV модели од два милиони единици.