Хондурас: Уапсена лидерка на нарко картел, во пресметката загина нејзиниот син

од Stefanija Kuzmanovska

Властите на Хондурас ја уапсија лидерката на нарко картел Херлинда Монтес Бобадиља, откако САД побараа екстрадиција на неа и нејзините синови.

Полицијата ја уапсила Монтес Бобадиља по „интензивна пресметка“ во која бил убиен нејзиниот син Тито Монтес, се наведува на профилот на Твитер на комесарот на националната полиција Густаво Санчез Веласкез, пренесува „Ројтерс“.

Соединетите Држави ја обвинија Монтес Бобадиља дека е водач на моќната организација за трговија со дрога на Монтес.

Слични содржини