Хонг Конг подарува 500.000 авионски билети за патување таму

од Vladimir Zorba

Хонг Конг ја започна промотивната кампања „Здраво Хонг Конг“, во која ќе подарува 500.000 авионски билети во следните шест месеци.

Глобалната кампања на Хонг Конг ќе го „придвижи“ отворањето на градот за меѓународни патници, според Одборот за туризам на Хонг Конг, пренесе CNBC.

Билетите ќе се дистрибуираат преку три авиопревозници од Хонг Конг – Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines. Кампањата го финансираше пакетот помош од 2 милијарди HK $ (255 милиони американски долари) што владата им го понуди на авиокомпаниите во 2020 година во екот на пандемијата.

Како се доделуваат билетите?

Дистрибуцијата на билетите ќе биде етапна: почнувајќи од пазарите во Југоисточна Азија, континентална Кина и Северна Азија, а потоа и во другите делови на светот. За жителите на Хонг Конг се резервирани околу 80.000 билети, кои властите имаат намера да ги поделат во текот на летото.

„Се надеваме дека оние кои добиле билети ќе донесат пријатели или семејство со себе“, рече Фред Лам, извршен директор на аеродромската управа во Хонг Конг.

„Сметаме дека 500.000 авионски билети ќе донесат над 1,5 милиони туристички пристигнувања“, додаде Лам. Ова е околу 10% од вкупниот број на посетители што се очекуваат во периодот на кампањата.

Како ќе се делат овие бесплатни билети?

„Ова може да се случи преку томбола, подароци во стилот „прв дојден, прв услужен“, предлагање на бесплатни „купи-и-освои“ билети или со учество во игри“, коментира Лам

Носењето маски во Хонг Конг сè уште е задолжително во јавниот превоз, како и на затворени и на отворени јавни места.

Слични содржини