326
Хонг Конг ќе го воведе првиот „локдаун“ од почетокот на пандемијата на коронавирус, кој ќе опфати десетици илјади граѓани, со цел да се потисне новиот бран на инфекции.
South China Morning Post наведува дека мерката ќе ги опфати областите Џордан и Шам Шуи По, кои се наоѓаат на мал, но густо населен дел од островот Коулун, од петок на полноќ, пренесува „Ројтерс“.
Според „Гардијан“, напуштањето на домот ќе биде забрането за секој што нема негативен тест на коронавирус, а таа мерка ќе биде на сила се додека не бидат тестирани сите жители од таа област.
Медиумите наведуваат дека 1.700 полицајци се подготвени да ја спроведат мерката на затворање.
Хонг Конг беше меѓу првите делови на светот погодени од коронавирусот.