Hoonigan банкротираше поради долг од 1,2 милијарди долари

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Брендот Hoonigan, основан од легендарниот рели возач Кен Блок, поднесе барање за стечај во Делавер откако натрупа долг од 1,2 милијарди долари. Сепак, лидерите сè уште имаат надеж дека ќе обезбедат ново финансирање и на крајот ќе преживеат.

Поновата историја на Hoonigan е доста сложена. Откако работеше независно со години, се спои со Wheels Pro во септември 2021 година, која дизајнира и продава резервни бандажи, гуми и додатоци. Wheels Pro беше во сопственост на приватната фирма Clearlake Capital од април 2018 година, а од тој период до спојувањето со Hoonigan, ги купи брендовите Gorilla, ReadyLift, MHT Luxury Allows, ZBroz и TSW. По спојувањето со Hoonigan, компанијата ги купи Throtl, Teraflex и 4WP, а потоа го усвои името Hoonigan.

Поднесувањето покажува дека приходите се зголемиле од 844 милиони во 2019 година на 1,5 милијарди во 2022 година, проследено со пад во 2023 година.

Hoonigan сега се обидува да се ослободи од долгот од 1,2 милијарди долари со обезбедување на нов капитал од околу 570 милиони долари. Со тоа значително ќе се подобри финансиската состојба на компанијата, а излегување од стечај се очекува за два месеци.

За потсетување, Кен Блок загина во несреќа со моторни санки на 2 јануари 2023 година во Јута.

Слични содржини