Хорор на Родос: Две девојки пријавиле дека биле силувани

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Туристка од Велика Британија обвини 47-годишен Грк дека ја силувал во хотел додека била на одмор на островот Родос.

Девојката (21) изјавила дека била нападната во понеделникот околу 02:00 часот во Пефкос и дека случајот го пријавила во локалната полиција неколку часа подоцна. Според локалниот ANT1 news, во тужбата се наведува дека мажот ја возел девојката од козметички салон во Линдос на југот на островот до хотел во Пефкос, главниот град на Родос.

Таму, како што тврди, ја принудил на секс заканувајќи ѝ се со физичко насилство, објави „Дејли мејл“.

По пријавата полицијата побарала лекарски преглед. Девојката ја предала облеката што ја носела таа вечер за да биде испратена на ДНК тестирање.

Уште една млада Британка нападната во Грција

Според ANT1 news, 24 часа претходно уште една Британка се пожалила на инцидент во Фалираки, на околу 10 километри јужно од Пефкос. Се вели дека 18-годишна туристка била нападната во раните утрински часови во неделата на 2 јули во ноќен клуб.

Таа во полиција изјавила дека била таму со двајца пријатели кога – како што се сомнева – непознато лице ѝ вбризгало наркотик во раката без да сфати што се случило.

Оттогаш, вели таа, претрпела целосно губење на меморијата, поради што се посомневала дека тајно ѝ биле инјектирани некаква дрога. Како и во случајот со 21-годишната девојка, покрената е истрага за наводниот напад.

Слични содржини