Хорор на улиците во Москва: Се запали човек во центарот на градот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Nikola Popovski
180 прегледи

На улицата Тверскаја во центарот на Москва, еден човек се обиде да изврши самоубиство, истурајќи бензин и запалувајќи се.

Инцидентот се случил недалеку од ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“.

Полициските службеници веднаш му помогнале, по што мажот бил пренесен во болница во бесознание.

– Користејќи импровизирани противпожарни апарати и употреба на униформа, полицаец, како и граѓаните кои беа во близина на местото на настанот, за неколку секунди го изгаснаа пламенот – се наведува во полициското соопштение.

Според прелиминарните информации, лицето имало проблеми со „личен имот“ кои всушност биле причина за инцидентот.

Да потсетиме, во Русија денес се одржуваат нелегални протести за поддршка на опозицијата Алексеј Навални.

Слични содржини