307
Припадници на специјалната единица на австриската полиција ВЕГА, попладнево во Виена пукаа и ранија постара жена, која ја нападнала нејзината негувателка.
Полициска патрола била повикана во 14-та област во Виена откако 67-годишна жена нападнала негувателка.
Бидејќи расправијата помеѓу двете жени ескалирала, пензионерката, за која се верува дека е дементна, зела нож, па негувателката започнала да бега од станот.
Специјалците кои пристигнале виделе како една жена ја напаѓа другата со нож, па пукале кон пензионерката.
Таа била ранета и со хеликоптер била пренесена во болница.