ХОРОР ВО БЕРЛИН: Пронајдени пет безживотни тела, меѓу нив три деца

од Nikola Popovski
295 прегледи

Тела на пет лица со прострелни рани и рани од нож се пронајдени во куќа во близина на Берлин, соопшти полицијата.

Оваа вест за германски Билд ја потврди и портпаролот на полицијата.

– Нешто пред пладне во една куќа најдовме пет безживотни тела. Пред тоа ни се јави граѓанин кој беше загрижен, бидејќи извесно време не ги видел соседите. Одредот за убиство веднаш беше испратен на терен, бидејќи се уште не е исклучена опцијата за кривично дело, изјави портпаролот на полицијата.

Одделот за убиства и вештачење се на местото на злосторството. Се истражуваат тешки кривични дела. Петмината загинати се двајца возрасни и три деца. На труповите имало прострелни рани и убодни рани, соопшти државниот обвинител.

Според заедничкото соопштение на јавниот обвинител и полицијата, двајцата возрасни се на возраст од 40 години, а три деца на четири, осум и десет години. Нејасно е дали насилникот е меѓу жртвите и кој би бил мотивот за убиството и дали во куќата имало повеќе луѓе. Се шпекулира дека семејството било ставено во карантин поради коронавирусот, но тоа не е потврдено.

Слични содржини