Хорор во Црна Гора: Маж се разнесе со бомба, една жена повредена

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Маж од Бјело Поље им подлегнал на повредите добиени кога активирал бомба во Годијево, Црна гора, а во експлозијата е повредена една жена.

Несреќата се случила утрово околу 9 часот.

Лицето активирало бомба во близина на неговата куќа. Од експлозијата се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал, информираат РТЦГ.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а жената која исто така е повредена во инцидентот е надвор од животна опасност.

Слични содржини