20
Автомобил се заби во група деца кои посетуваат основно училиште во Хирт, во близина на Келн. Едно дете е тешко повредено, а друго полесно, потврди портпаролот на полицијата во округот Рајна-Ерфт.
„Претпоставуваме дека станува збор за несреќа“, соопшти полицијата, пренесува Билд.
Според полицијата, нема индикации дека станува збор за намерен чин. Несреќата се случила околу 12:30 часот. Областа околу улицата Фрехенер е широко оградена и затворена. На местото на настанот е и хеликоптер на брзата помош.
Портпаролот на полицијата засега не можеше да даде детали за точниот тек на несреќата.
Исто така, не е познато дали има други повредени.