Непознато лице влетало со автомобил во луѓе во центарот на Мајнхајм, Германија! Засега не се знае колку лица се повредени и дали има загинати.
Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот поради тековната полициска акција.
Според првичните информации, црн теренец со голема брзина удрил во луѓето. На терен се бројни полициски патроли и спасувачки екипи.
Во моментов се проверува дали се работи за напад или несреќен случај. Според неофицијални информации, лицето кое го управувало возилото е приведено.
Да потсетиме дека во последните неколку месеци имаше неколку напади во кои возила влетаа во толпа луѓе. Во декември, шест лица загинаа во Магдебург кога лекар, на возраст од околу 50 години, со голема брзина влета во божиќен базар.
Во средината на февруари, маж со своето возило влета во група демонстранти во Минхен. Убиени се млада жена и дете.