Две лица загинаа во престрелката што се случи денеска во Еспелкамп во Германија. Според германските медиуми, маж и жена биле убиени, а напаѓачот е во бегство.
Се сомнева дека станува збор за злосторство предизвикано од омраза.
Според медиумите, едно лице било убиено пред станбената зграда, а другото во улицата до неа.
Полицијата интензивно трага по осомничениот.