354
Полицијата во Германија денес соопшти дека две лица биле убиени, а уште три се повредени во напад во психијатриска болница во градот Линебург.
За нападот е осомничено 21-годишно момче кое вчера било примено во болница, а кое, како што се сомнева, нападнало двајца постари пациенти во текот на ноќта и ги убил. Исто така повредил две медицински сестри, од кои едната потешко, и еден полицаец, пренесува АП.
Полицијата во Линебург соопшти дека момчето е уапсено.