Полицаец во северниот холандски град Гронинген бил прободен со нож во лицето кога се обидел да идентификува две млади момчиња кои го прекршиле полицискиот час, соопшти градската полиција.
Полицаецот бил пренесен во болница со сериозна повреда на лицето, наведоа оттаму.
По синоќешниот инцидент двете момчиња побегнале, а полицијата упати апел до можните сведоци да помогнат за да бидат фатени сторителите.
Холандија воведе полициски час од 21 до 4.30 часот на крајот на јануари, што предизвика немири, но тој генерално се почитува низ целата земја.