Хорор во Молдавија: Инстаграм ѕвезда ја прободела мајка си и почнала да ѝ ги отстранува органите (видео)

од Nikola Popovski
491 прегледи

Инстаграм ѕвезда и студент по медицина од Молдавија е уапсена под сомнение дека ја убила нејзината мајка, а со кујнски нож и ги исекла срцето и другите органи додека таа се уште била жива.

Наводно, Ана Лекович (21) се истуширала по убиството на нејзината мајка Прасковја Лекович (40) и отишла да го пречека своето момче, пишува Дејли меил.

„Ја прободе мајка си со нож, а потоа и го отсече срцето на жена која се уште била жива“, соопшти полицијата.

Ана се појавила на судење ден по апсењето, а на социјалните мрежи било објавено видео од судницата, на кое се гледа како таа лежи на обвинителна клупа.

На новинарско прашање дали ја убила својата мајка, таа се насмеала и одговорила: „Збогум!“.

Според извештаите, нејзината мајка помислила дека Ана користи дрога и ѝ организирала лекување во соодветна институција, што посебно ја налутило девојката.

Слични содржини