50
Трагедија го погоди Ротердам во понеделникот кога бебе починало откако останало само во жежок автомобил. Како што пренесуваат холандските медиуми, случајни минувачи околу 17 часот го забележале детето кое се уште било живо во автомобилот.
Ауди Q2 со белгиски регистерски таблички било паркирано во индустриска зона во Ротердам. Бебето, мало момче според очевидци, седело сам на своето седиште на задното седиште од автомобилот. Во тој момент температурата во Ротердам била околу 25 степени.
Полицијата скршила прозорец за да го спаси детето, но бебето било во критична состојба. Веднаш била известена итната помош, а на местото пристигнале три возила на брза помош и еден хеликоптер. Болничарите се обиделе да го реанимираат детето, но безуспешно.