Хорор во Русија: Свештеник осуден на 21 година затвор за силување деца

од Nikola Popovski

Поранешниот православен свештеник Николај Стремски, кој посвоил седумдесет деца, во Русија е осуден на 21 година затвор за силување и злоупотреба на малолетници.

Злосторствата се случиле во неговата парохија и во градот Саракташ, во близина на планините Урал во југозападна Русија.

Стремски бил познат како човекот со најголемо семејство во Русија, а бил одликуван и со Национален орден за родителска слава.

Орденот подоцна му бил одземен, а потоа бил и разрешен од функцијата свештеник.

Стремски и неговата сопруга водат згрижувачки дом од раните 1990-ти, посвојувајќи деца од бројни сиропиталишта во регионот.

Тие посвоиле седумдесет деца, од кои повеќето досега пораснале.

Сепак, Стремски бил уапсен во 2019 година, кога против него била покрената истрага под обвинение за повеќе кривични дела извршени над седум малолетници.

Тој потоа ги отфрли сите обвинувања, наведувајќи дека тоа е клевета.

Уште две лица лани биле осудени за незаконско ограничување на слободата на децата, но на условни казни.

Меѓу осудените има и едно лице кое пораснало во неговиот дом за згрижување.

Стремски сега е осуден на затворска казна, а судот му изрече забрана за работа со деца во траење од 20 години, со што му го одзеде орденот.

Слични содржини