МВР соопшти дека двајца струмичани се осомничени за силување, подведување и за производство и дистрибуција на детска порнографија.
„СВР Струмица против 28-годишен жител на с.Баница, струмичко со иницијали В.Ѓ. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и против 24-годишен струмичанец со иницијали С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, велат од полицијата, додавајќи дека В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.