Хорор во Украина: Пливач разнесен од мина пред очите на семејството (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Nikola Popovski
425 прегледи

Маж е снимен како плива во морето на брегот во областа Одеса во Украина, кога нагазна мина ненадејно експлодирала и го разнела пред очите на целото семејство.

На видеото, кое е снимено во земјата разурната од војната, се гледаат луѓе кои трчаат преку плажата кон водата непосредно пред експлозијата.

Посмртните останки на несреќниот маж подоцна биле однесени на брегот каде пред неговата смрт неколку моменти седеле неговата сопруга, син и пријател.

Локалните власти го забранија пливањето во овој дел од морето токму поради руската инвазија и големиот број мини во водата.

Во соопштението, полицијата на регионот Одеса апелираше до жителите на оваа област строго да се придржуваат до правилата за вонредна состојба, како и да не одат во областа на заштитната зона на Црното Море и да не пливаат во минираното море.

„Денеска занемарувањето на безбедносните правила од страна на семејството од регионот Доњецк доведе до трагични последици. Додека пливале во морето во едно од селата во областа Одеса, експлозија на непознат предмет усмрти маж (50) пред неговите сопруга, син и пријатели“, се вели во соопштението.

„Строгите забрани за посета на брегот и пливање во морето се безбедносни мерки кои се опасни по живот доколку се занемарат“, се додава.

Слични содржини