Хорор за скопјанка – Сопругот ја претепал, ѝ го скршил телефонот и ѝ го уништил автомобилот – двапати за еден ден!

од desk4
55 прегледи

Скопјанка (37) двапати во ист ден пријавила физички напади од нејзиниот сопруг (39) во различни делови од градот.

Првиот напад се случил околу полноќ во општина Аеродром, каде сопругот ја нападнал, ѝ го скршил мобилниот телефон и физички се пресметал со уште едно машко лице. Вториот инцидент бил пријавен истиот ден попладне, околу 18:40 часот, на паркинг во Гази Баба, каде повторно бил насилен и ѝ го оштетил возилото.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.