Шакира последните неколку месеци минува низ тежок период, а се чини дека на лошите вести им нема крај бидејќи нејзината мајка Нидија Рипол заврши во болница во Барселона.
Странските медиуми прво објавија дека таа доживеала мозочен удар, а потоа повикувајќи се на извори блиски до Шакира открија дека нејзиниот здравствен проблем е поврзан со тешка венска тромбоза.
Шакира сè уште не ја објавила состојбата на нејзината мајка, но сигурно не ѝ е лесно, особено што минатата година, поради здравјето на нејзиниот татко Вилијам Мубарак, ја одложи преселбата во Мајами со синовите, откако раскина со фудбалерот Жерар Пике.
Се очекуваше 46-годишната пејачка да ја напушти каталонската престолнина на Флорида со 10-годишниот син Милан и 8-годишниот Саша на почетокот на годината, откако потпиша договор за старателство со поранешниот фудбалер на Барселона.
Лекарите наводно го откриле здравствениот проблем на мајката на Шакира откако таа се чувствувала лошо минатата недела и побарала лекарска помош. „Телемундо“ и шпанските медиуми објавија дека таа итно била пренесена во болница минатиот петок, но сега е надвор од животна опасност и се очекува наскоро да биде пуштена дома.
Се уште не е познато дали тоа ќе доведе до дополнително одложување на плановите на Шакира да ја напушти Шпанија со децата.