Хоспитализирани нови 40 пациенти од Ковид 19, отпусно писмо добиле 32 лица

185 прегледи

Само во изминатото деноноќие во Ковид центрите во главниот град се хоспитализирани 40 нови дијагностицирани лица од Ковид 19.

Суспектни и сомнителни на Ковид 19 пак, се регистрирани 495 лица, кои се лекуваат на инфективните одделенија.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми, и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент. Во болницата ‘8 Септември’ имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни“, посочија од Министерството за здравство од каде дополнија дека 32 пациенти пак, се регистрирани како оздравени и добиле отпусно писмо.

Голем дел од хоспитализираните лица пак, додаваат од Министерството се наоѓаат на кислородна поддршка.

Слични содржини