Поранешниот хотел и казино „Трамп плаза“ во Атлантик Сити бил срушен со 3.000 парчиња динамит.
Хотелот Плаза, отворен во 1984 година, изграден од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имал 39 ката и некогаш бил симбол на Атлантик Сити.
Трамп се повлече од работата во 2009 година, пренесува РТ, иако неговото име остана на зградата. Тој дури поднесе тужба во 2014 година, барајќи да му се отстрани името.
Хотелот беше затворен истата година по банкротот, а зградата толку многу пропаднала што последниве години што делови од фасадата почнале да паѓаат.
#Trump's former #AtlanticCity casino implodes in controlled demolition pic.twitter.com/G1VBcpf4jy
— RT (@RT_com) February 17, 2021
Според американските медиуми, при уривањето на зградата присуствувале бројни набљудувачи, а оние кои сакале да гледаат во живо платиле 10 долари за билет, додека најдобрите места чинеле неколку пати повеќе, па дури и стотици долари.
Земјиштето на кое се наоѓаше хотелот претходно го купил инвеститорот Карл Ихан.
Како што изјави Берни Дилон, поранешен менаџер на казино во Трамп Плаза, за „NBC News“, ова е хотел кој некогаш бил симбол на Атлантик Сити, каде доаѓале познати sвезди како Кит Ричардс, Мик Џегер, Мадона, Џек Николсон, Ворен Бити , Барбара Стрејсенд, Шон Пен …