Хотел Трамп наскоро на местото на поранешниот Генералштаб во Белград

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Инвестициската фирма „Афинити партнерс“, основана од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, и емиратскиот милијардер Мохамед Алабар, заеднички ќе градат луксузен хотел и станбен комплекс во Белград, на местото на Министерството за одбрана на поранешна Југославија, објави Блумберг.

Како што е наведено, Трамп размислувал за слична идеја пред да се кандидира за претседател на САД во 2016 година.

Комплексот ќе се вика „Трамп“ и ќе вклучува луксузен хотел и апартмани.

Кушнер разговараше со неколку брендови пред да се реши за името „Трамп“.

„Во текот на изминатата година разговаравме со неколку брендови за хотелот“, рече Кушнер во интервју за Блумберг.

Како што е наведено, проектот во Србија претставува прв заеднички деловен потфат меѓу Кушнер и Алабар.

Кушнер изрази надеж дека ова е само прв од заедничките проекти што ќе се реализираат во иднина.

Одлуката за брендирање на проектот „Трамп“ е донесена по победата на Доналд Трамп на ноемвриските избори, со што се зацврсти глобалниот бренд на семејството Трамп.

Се очекува луксузниот комплекс да придонесе за развојот на Белград и да го привлече вниманието на големите инвеститори и туристи, според Блумберг.

Слични содржини