Хотелот во Црна Гора, чии гости се затруле со храна, нема дозвола за работа

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Туристичката инспекција почна да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, кој нема дозвола за работа, а чии 96 гости се затруле со храна, потврди Ана Вујошевиќ, в.д директор на црногорската Управа за инспекциски работи.

Таа потсети дека ова е осми пат во изминатите три месеци туристичката инспекција да го „пломбира“ хотелот „Лоза“ во Будва, а седми пат да се отстрани пломбата, поради што инспекцијата го пријавила случајот во которското обвинителство.

Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи, по пријавување на труењето, изврши земање мостри од ресторанот „Лоза“ и забрани послужување храна.

Во хотелот „Лоза“ биле сместени туристи затруени од храна, но се уште не е утврдено како и каде дошло до труењето.

Црногорскиот институт за јавно здравје соопшти дека странските државјани кои вчера имале симптоми на труење во хотел во Будва се во добра здравствена состојба.

Од оваа установа изјавија дека во тек е епидемиолошка истрага, како и испитување на микробиолошката и физичко-хемиската исправност на мострите, а за резултатите јавноста ќе биде навремено информирана.

Слични содржини