
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, по повод зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19, предупреди дека доколку продолжи ова темпо, тие ќе бидат принудени да се вратат во целосна изолација.
Хоти на Фејсбук изјави дека на овој начин може да се блокира Клиниката за инфективни заболувања, а потоа докторите ќе се соочат со тешки морални одлуки, на коj прво треба да им се помогне.
„Непридржувањето кон мерките го загрозува здравјето на граѓаните. Нема да има толеранција кон оние што ги кршат правилата. Не можеме да страдаме како општество заради неодговорноста на лидерите на институциите или компаниите кои не преземаат соодветни заштитни мерки“, напиша Хоти, пренесува РТК2.
Тој потсети дека мерките преземени против ширењето на вирусот се едноставни и дека треба да се носат маски, да се држи дистанца и да ги миете рацете редовно.