274
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави денеска дека сè уште не знае дали ќе биде кандидат за премиер на претстојните предвремени избори.
Според РТК, тој додаде дека Демократскиот сојуз на Косово има неколку кандидати за таа позиција и дека секој е подобар од другиот.
Како што рече, тие кандидати се фаворити за победа на изборите.
Хоти исто така најави дека ќе се обрати на јавноста во вторник и ќе разговара за работата на Владата на Косово.