182
Поранешниот премиер на Косово и пратеник на Демократскиот сојуз, Авдулах Хоти, оцени дека владата во Приштина наскоро ќе падне пред бројните проблеми.
Премиерот Албин Курти ќе паѓа од власт, вели Хоти, пренесува Танјуг.
Тој рече дека фискалната година најверојатно ќе заврши со суфицит во буџетот бидејќи владата нема разбирање за граѓаните.
„Таа влада која се гордее со вишокот не ги разбира потребите на граѓаните. Покрај другото, како резултат на стагнацијата на капиталните инвестиции во приватниот сектор, имаме околу 300 милиони евра помалку“, рече Хоти.
Хоти изјавил дека, според неофицијални информации, капиталните инвестиции биле блокирани бидејќи договорите ги потпишале претходните влади, пренесува „Косово онлајн“.