246
Заменик претседателот на Демократската партија на Косово и поранешен премиер на Косово, Авдулах Хоти денеска изјави дека владата на Албин Курти нема економска и фискална политика која обезбедува стабилно вработување и производство.
Тој на својот Фејсбук напиша дека економскиот раст достигнал толку ниско ниво што дури и „не е покриена амортизацијата на капиталот“, пренесе Репортери.
„Ова беше и очекувано. Три години владеење нема економска и фискална политика која обезбедува стабилно вработување и производство. Јавните инвестиции во последните три години значително се намалија. Целата економска политика е сведена на субвенции, кои овозможуваат опстанок, но не и развој“, напиша Хоти.