Ховениер за нападот во Бањска: Србите не можеле сами да го набават тоа оружје

од Radmila Tasevska
358 прегледи

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер во интервју за англискиот Би-Би-Си изјави дека одредени структури стојат зад терористичкиот напад на Косово и дека оружјето пронајдено во Бањска укажува дека Србите не можеле сами да го обезбедат тоа оружје.

„Сега знаеме и дека лице кое било потпретседател на една од српските партии на Косово, а кое било вмешано во настани со високи српски функционери, преку својот адвокат изјавило дека таа е организатор на овој инцидент и дека таа присуствуваше на тој настан“, рече тој.

Тој рече дека сега се работи на утврдување на точната одговорност.

Ховениер изрази загриженост за тоа што се случи во Бањска.