Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховенијер, денеска изјави дека договорот за Заедницата на српските општини, кој беше потпишан во Брисел, не се преговара и дека за најновите точки од француско-германскиот предлог, кој сега се нарекува „европски“ , повеќе не може да се преговара и дека тоа е официјалниот и потврден став на САД.
На средбата со новинарите во Приштина, тој го повтори ставот на САД дека формирањето на ЗСО нема да го крши Уставот на Косово.
„Што се однесува до Заедницата на општини со српско мнозинство, ставот на Соединетите Американски Држави е дека Заедницата не треба да излезе надвор од рамките на Уставот на Косово и одлуката на Уставниот суд од 2015 година, во рамките на овие граници има доволно простор за основање на Заедницата“, рече Ховенијер.