Храбра прогноза на експертка која го предвиде успехот на „Тесла“: „Цената на биткоинот ќе порасне 10 пати“

од Vladimir Zorba
496 прегледи

Кети Вуд, основач и извршен директор на американската инвестициска фирма „Арк Инвест“ со инвестициско портфолио од 50 милијарди долари, во интервју за телевизијата CNBC процени дека цената на биткоинот може да достигне половина милион долари во следните пет години.

– Доколку компаниите продолжат да ги диверзифицираат своите пари во нешто како биткоин, а институционалните инвеститори почнат да издвојуваат пет отсто од своите средства за биткоин, веруваме дека цената ќе биде десет пати повисока од денешната, или наместо 45.000 долари, над 500.000 долари – рече Кети Вуд, чии проценки добиваат значење во американските медиуми, меѓу другото, и поради анализата на движењето на цените на акциите на „Тесла“.

Имено, како што не потсетува порталот Yahoo News, основачот на Арк Инвест процени на почетокот на 2018 година дека акцијата на Тесла може да порасне од тогашните 300 на 4.000 долари по акција во следните пет години со кумулативен раст од 1.200 отсто.

Случувањата, додава порталот, покажаа дека веќе во јануари оваа година акцијата на Тесла се тргуваше по просечна цена од 800 долари по акција со опсег од 4.000 долари по акција во одредени интервали на тргување.

Слични содржини