354
На една од плажите во Новаља има табла со правила на однесување, пишува „Poslovni“.
Плажата е затворена од 23 до 9 часот, а посетителите во меѓувреме мора да се придржуваат до Одлуката за јавен ред и мир во спротивно може да бидат казнети.
Забрането е оставање ѓубре на плажа, користење звучници, мора да се внимава на стаклена амбалажа, забранета е улична продажба, како и употреба на ампули за балони.
Треба да се напомене дека Новаља веќе е полна со туристи, што во голема мера може да се припише на забавната програма што започна на почетокот на јуни во блискиот залив Зрче.