187
Вкупно 15 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во саботата во местото Дуги Рат кај Омиш, при судир на две патнички возила и едно комбе, пренесe Хина.
Сплитско-далматинската полиција со ново соопштение ги дополни првичните информации за бројот на повредени и извести дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила и едно комбе.
Вкупно 15 лица се однесени на лекарска помош, а во моментов немаме официјални информации за тежината на нивните повреди“, велат од полицијата.
На местото на настанот, предводена од заменикот на општинското државно правобранителство, со присуство на судски вештак и асистенција на полиција, бил извршен увид, а патот нешто пред 16 часот бил пуштен за сообраќај.