195
Во последните 24 часа се евидентирани 3.056 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 16.746.
Меѓу нив, 1.620 пациенти се во болница, од кои 179 се на апарати за дишење.
Починаа 43 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 78.978 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 968 починале, вкупно се опоравиле 61.264 лица, од кои 2.615 во последните 24 часа.
Во моментов има 38.585 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 601.743 лица, од кои 9.417 во последните 24 часа.