Хрватска: 72 лица починаа како резултат на коронавирусот

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.899 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а 72 лица починале, пренесе „Индекс“.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 23.740, меѓу нив 2.543 пациенти се на болничко лекување, од кои 264 пациенти на респиратори.

Во моментов има 57.295 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 810.885 лица, од кои 9.340 во последните 24 часа.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 150.353 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 2.174 починаа, а вкупно 124.439 се опоравија, од кои 3.582 во последните 24 часа.

Слични содржини