Хрватска денес без новозаразени од корона

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Во последните 24 часа во Хрватска нема ново заразени со коронавирус, така што вкупниот број од почетокот на епидемијата е сè уште 2.224, објави денеска Штабот за цивилна заштита.

Досега се тестирани вкупно 69.606 лица, од кои 257 во последните 24 часа.

Седум лица се во болница, а ниту еден пациент повеќе не е на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2.132, а двајца пациенти закрепнале во последните 24 часа. Од нив, 828 се отпуштени од болницата, а 1.311 закрепнале дома.

Вкупно 106 лица во Хрватска починале од коронавирус досега.

Штабот на својот официјален профил на Твитер објави дека од 15 јуни ќе биде можно да се одржуваат спортски натпревари во присуство на публиката.

„ХЗJЗ ќе даде препораки за начинот на кој публиката ќе може да присуствува на спортски натпревари“, стои во соппштението на Штабот.